Skip to main content

Фернандеш се израмни со еден рекорд со Роналдо, еве со што

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандес, постигна три гола вчера против Ипсвич во победата од 5:2 на домашен терен во второто коло од англиската Премиер лига.

Триесет и едногодишниот Португалец сега се израмни со сонародникот Кристијано Роналдо кој има три хет-трик за Јунајтед. Роналдо играше за англискиот клуб од 2003 до 2009 година и од 2021 до 2022 година.

Фернандеш е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година. Неговиот договор е до 30 јуни 2027 година. Тој беше прогласен за играч на годината од страна на Здружението на професионални фудбалери (PFA) за сезоната 2025/26 и стана вториот португалски играч кој ја освои наградата, по Роналдо, кој ја освои во сезоните 2006/07 и 2007/08

Поврзани вести