
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола од слободни удари ноќеска во натпреварот од регуларната сезона на МЛС против Монтреал (7:1).
Триесет и деветгодишниот Аргентинец со 74 се искачи на второто место за најмногу голови од слободни удари во историјата на фудбалот. Тој го дели второто место со Бразилецот Жаир.
Марселињо Кариока (Бразил) е прв со 78 гола, Роберто Динамите (Бразил) е четврти со 73 гола, додека Бразилецот, Жунињо Пернамбукано, е петти со 72 гола.
Во сезоната 2026, Меси постигна 21 гол и имаше 10 асистенции во 23 натпревари.

Македонски


