Skip to main content

Аргентинската лига запре во десетата минута за Меси

 Аргентинската фудбалска лига овој викенд на сите натпревари ќе ја прекине играта 10. минута за да му оддаде почит на Лионел Меси со едноминутен аплауз по неговото збогување од репрезентативниот фудбал.

„Како знак на признание и почит кон кариерата на Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација, судиите ќе ја прекинат играта во 10. минута на сите натпревари и ќе има минута аплауз“, објави Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА).

Меси, кој го носеше дресот со број 10 во националниот тим, претходно оваа недела објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, одигрувајќи рекорден број од 207 натпревари на кои постигна рекордни 125 голови.

Последниот натпревар на осумкратниот освојувач на Златната топка за Аргентина беше поразот во финалето на Светското првенство од Шпанија во јули.

Меси со аргентинската репрезентација го освои Светското првенство во 2022 година, Копа Америка во 2021 и 2024 година, како и златниот олимписки медал на Игрите во 2008 година

Поврзани вести