Skip to main content

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Денеска, 28 август, се случува полна Месечина во Риби и делумно затемнување на Месечината, а според астролошките толкувања, овој период најсилно може да го почувствуваат Рибите, Девиците, Близнаците и Стрелците.

Астролошките препораки, секако, се забавен и симболичен начин на толкување и не треба да се сфаќаат како научни предвидувања.

Во астрологијата, затемнувањата традиционално се поврзуваат со завршетоци, пресврти и моменти во кои нешто што долго било потиснувано станува невозможно да се игнорира.

Бидејќи затемнувањето се случува во Риби, акцентот се става на емоциите, интуицијата, старите навики и потребата нешто конечно да се пушти.

За четири хороскопски знаци, според астролошките толкувања, ова може да биде период во кој се прекинува со нешто што долго време ги држи во место.

Риби

Рибите може најсилно да го почувствуваат овој период, бидејќи затемнувањето се случува токму во нивниот знак.

Можно е појасно да увидат каде премногу се приспособувале на другите, каде ги потиснувале сопствените потреби или останувале во односи и ситуации кои одамна не ги исполнуваат.

За едни тоа може да значи промена во љубовен или семеен однос, за други пресврт во работата, а за трети едноставно одлука повеќе да не трошат енергија на нешто што не дава резултат.

Главната порака за Рибите е повторно да се стават себеси во центарот на сопствениот живот.

Девица

Кај Девиците, фокусот може да биде ставен на односите и на рамнотежата меѓу она што го даваат и она што го добиваат.

Нешто што подолго време не функционира може да дојде до точка на пресврт.

Тоа не мора задолжително да значи крај на однос. Кај некои Девици може да значи поставување појасни граници, отворен разговор или конечно изговарање на нешто што долго било премолчувано.

Близнаци

Кај Близнаците, промените најмногу може да се почувствуваат на полето на работата, амбициите и идните планови.

Можно е да сфатат дека цел кон која долго се движеле повеќе не е она што навистина го сакаат.

Некои може да почнат да размислуваат за промена на работното место, други да се откажат од проект кој им троши премногу енергија, а трети да престанат да се водат според очекувањата на околината.

Токму откажувањето од погрешна цел, според астролошкото толкување, може да отвори простор за подобра можност.

Стрелец

Стрелците може повторно да се соочат со прашања кои влечат корени од минатото.

Семејството, домот или стара емотивна приказна може да се вратат во преден план, но овојпат со можност нешто конечно да се расчисти.

Она што долго било „туркано под тепих“ може да побара внимание.

За некои Стрелци тоа ќе значи затворање едно поглавје, а за други одлука повеќе да не дозволуваат минатото да им ги диктира идните потези.

Во астролошка смисла, денешното затемнување најмногу се толкува како период на расчистување – не толку за нагли почетоци, колку за конечно оставање зад себе на нешто што веќе ја изгубило својата смисла.

Поврзани вести