Skip to main content

Природата е „сојузник“ на Путин: Рекордната суша во Европа го блокира извозот на Украина преку Дунав

Американското списание „Њузвик“ ја нарече абнормалната топлина и суша во Европа „неочекуван сојузник“ за рускиот претседател, Владимир Путин „кој тој не може да го контролира“.

Како што пишува изданието, екстремната суша и значителното намалување на нивото на Дунав ги нарушило логистичките рути за Украина по реката, блокирајќи го алтернативниот извоз на жито.

Поради падот на Дунав во близина на Прахово, Србија, остатоците од дури 200 германски бродови потонати во 1944 година беа откриени во реката, а речниот превоз во Романија и Србија практично е запрен. Во исто време, руските сили го уништија клучниот мост Мајаки во близина на Одеса, прекинувајќи го копнениот коридор кон Молдавија и Романија.

Губењето на Дунавската рута поради сушата го лишува Киев од неговите последни извозни можности и го принудува да ги преоптоварува своите веќе уништени резервни енергетски и логистички системи.

Поврзани вести