
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информира за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика.
На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателката, станало збор за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото.
Гувернерот оценил дека економијата е стабилна, со солиден раст, но дека треба внимателно да се следат увозната зависност и цените на храната и енергијата.
Соговорниците се согласиле дека стручните и компетентни човечки ресурси се клучни за успешното функционирање на Народната банка и за одржување на финансиската стабилност на земјата. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер.

Македонски


