Skip to main content

Бугарија си прослави Илинденско востание и ни порача дека историјата ни е заедничка

Јотова оваа изјава ја даде на местото Петрова Нива, каде што учествувала на чествувањето на 123-годишнината од, како што се вели, Илинденско-преображенското востание.

„Денес во Република Македонија се зборува за Бугарите, а историјата ни е заедничка. Што имаме да делиме?“, рекла претседателката.

Таа додала дека на јазикот на омразата треба да му се спротивстават и политичарите и општеството.

„Нема да се откажеме од вас и ќе ги браниме вашите права, правата на секој еден човек. Тоа не е политичка декларација. За мене тоа е вистинска почит на заветот на илинденците, кои знаеја дека само со единство можеме да имаме слобода, државност и слобода за секој човек“, рекла Јотова.

Поврзани вести