Skip to main content

ГАК: Се реновира одделот за пуерпериум, работата на клиниката продолжува без застој

Фејсбук профил на ГАК

ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) информира дека во тек е реновирање на одделот за пуерпериум, каде престојуваат мајките по породувањето.

Од клиниката уверуваат дека работата се одвива со вообичаена динамика и дека реновирањето не предизвикува никаков застој во обезбедувањето на здравствените услуги.

Поради градежните активности, дел од пациентките се сместени на одделението за пуерпериум, додека дел се распоредени на друго одделение во рамки на клиниката. Распоредот се врши согласно претходно утврден план и соодветна ротација на пациентките.

Сите здравствени услуги се добиваат навремено и без застој“, посочуваат од ГАК.

Оттаму додаваат дека реновирањето е дел од активностите насочени кон континуирано подобрување на условите за престој на сите лежечки пациентки.

Градежните зафати се уредно пријавени и се изведуваат во согласност со предвидените протоколи и процедури за ваков тип активности.

Од клиниката информираат дека идните мајки и нивните семејства ќе бидат навремено информирани за сите околности поврзани со престојот во периодот додека трае реновирањето.

Поврзани вести