
Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Сараево понесе вкупно 4 награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал.
Во официјална конкуренција “17“ ги доби наградите:
– СРЦЕ НА САРАЕВО ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА ЗА ЕВА КОСТИЌ. Според оценката на жирито, “Бестрашен влез на сцената на млада актерска надеж. Сурова, инстинктивна и длабоко инстинктивна изведба. Таа ја исполнува улогата со исклучителна емоционална искреност, најавувајќи доаѓање на актерка со редок и моќен глас“.
– СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ПРОМОЦИЈА НА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ЗА РЕЖИСЕРКАТА КОСАРА МИТИЌ. Според оценката на жирито, “Овој мајсторски режиран филм не го штити гледачот од непријатност, прикажувајќи ја систематската занемареност и социјалната табу на сексуалната злоупотреба и траума на млади девојки. Суровата и клаустрофобична кинематографија ја става исклучително безбедната и разорна главна улога во центарот, додека ја доловува силната врска на женската солидарност. Тоа е последна критика на патријархалната токсичност“.
Дополнително, “17“ доби и уште 2 придружни фестивалски награди од Партнерите на фестивалот:
– CINEUROPA ЗА ПРОДУКЦИЈА. Награда посветена на европската кинематографија и нејзините творци, за филмот “17“ кој, покрај тоа што несомнено поседува уметнички квалитети, ги промовира и идеите за европски дијалог и интеграција.
– НАГРАДА ОД ПУБЛИКАТА ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ.
“32. издание на Сараевскиот Филмски фестивал има историско значење за македонската кинематографија. Со вкупно 4 освоени награди, од кои 2 во Официјална конкуренција, “17“ ја однесе до сега, најголемата победа за Македонија во Сараево. Верувам дека оценувачите на филмската уметност во Сараево успеаја да ја препознаат суштината и пораката. Наградите за “17“ значат потврда на досегашниот успех на филмот и секако, признание дека ова долгометражно дело создадено пред сѐ од млади луѓе, преку филмот отвори суштински важна тема“, изјави Томи Салковски, Продуцент на “17“.
За Филмот „17“:
Филмот „17“ е македонско-српско-словенечка копродукција, финансиски поддржана од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечки филмски Центар и СЕЕ Синема Нетворк (SEE Cinema Network). Сценариото е потпишано од Косара Митиќ и познатиот хрватски автор Огњен Свиличиќ. Продуцент на филмот е „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународната продажба на филмот ја работи „Tотем Филмс“ од Франција.

Македонски


