
Седум климатизирани простори за ранливи групи се отворени во грчката престолнина Атина од денес поради високите температури, објавија градските власти, наведувајќи дека ги ставаат сите свои служби во целосна готовност.
Во соопштението се наведува дека, врз основа на планот за цивилна заштита, од денес до понатамошно известување, седум од Клубовите на пријателството на општината ќе работат како климатизирани простори за граѓаните од 9 до 21 часот и ќе ги снабдуваат ранливите групи, како што се бездомниците, со вода, пијалоци и специјален комплет со средства за лична хигиена.
Се нагласува дека за да се заштитат бездомниците, екипите за улична помош на Општина Атина ќе бидат распоредени на улиците од 9 до 21 часот, објавува ЕРТ.
Исто така, се наведува дека се поставени повеќе од 130 фонтани за пиење за животни без сопственици во Атина.

Македонски


