
Дваесет и четиригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 16:40 часот, а во неа учествувале „Фолксваген Голф“, управуван од 52-годишен скопјанец, „Фолксваген Тигуан“, управуван од 44-годишен жител на Скопје, и мотоцикл, управуван од 24-годишниот С.К. од Скопје.
Во судирот најтешко настрадал мотоциклистот, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а причините и околностите под кои се случила сообраќајката се утврдуваат.

Македонски


