Skip to main content

„Сејф сити“ ги пренасочува возачите? Наместо Табановце, се избира Пелинце – Прохор Пчински

Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.

Според информации што се споделуваат во јавноста, дел од возачите кои имаат неплатени сообраќајни казни на преминот Табановце го избираат граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински, со цел да избегнат задржување и плаќање на казните.

На Табановце во изминатиот период имаше информации за задржувања поврзани со проверката и регулирањето на неплатени сообраќајни прекршоци, особено кај возила со странски регистарски таблички.

Пелинце – Прохор Пчински е вториот патен граничен премин меѓу Македонија и Србија, покрај Табановце.

Сепак, засега нема официјални податоци од надлежните институции со кои би се потврдило дека станува збор за масовно пренасочување на сообраќајот поради казните од „Сејф сити“.

Воведувањето на системот „Сејф сити“ значително го промени начинот на санкционирање на сообраќајните прекршоци, а плаќањето на казните при излез од земјата е особено важно за странските возачи.

Поврзани вести