
Во врска со пожарот кој попладнево изби меѓу населените места Баница, Водоча и месноста Софилар, ве информирам дека ги преземаме сите потребни мерки. Надлежните служби се на терен и работиме на негово гаснење, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил.
Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе бидат споделени официјално- напиша Јанков.
Побара од граѓаните во деновите што следуваат, заради високите температури и зголемената опасност од пожари, да бидат особено внимателни и одговорни.
Да избегнуваме какви било активности што можат да предизвикаат пожар и со заедничка одговорност да придонесеме за заштита на нашата безбедност и на природата!- објави струмичкиот градоначалник по големиот пожар кој избувна околу пладне, а според последните информации во тек е евакуација на жителите од месноста Софилар, каде пожарот се приближи до куќите и викендичките, а пожарникарите со големи напори не доволуваат огнот да навлезе во домовите.

Македонски


