
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во посета на Киев, јави ДПА.
Шефот на германската дипломатија пристигна со специјален воз на централната станица во главниот град и во првата изјава по доаѓањето ја осуди ескалацијата на руските напади со беспилотни летала и ракети. Вадефул ја обвини Москва за „неселективни убиства на цивили“ и намерно уништување на енергетската инфраструктура.
Вадефул рече дека Русија се обидува да ги изгладни Украинците и да го скрши нивниот отпор.
Никогаш порано Русија не испукала толку многу ракети кон својата соседна земја, рече Вадефул.
Тој вети поголема помош од Берлин за Киев, изразувајќи надеж дека „Русија може да биде доведена на преговарачката маса“. Вадефул посочи дека ниедна земја не инвестира толку многу во воена и финансиска поддршка за Украина како Германија.
Ова е негова четврта посета на Украина откако ја презеде функцијата пред 16 месеци. Посетата не беше официјално најавена од безбедносни причини, како ни агендата за неговите средеби во Киев.

Македонски


