Skip to main content

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес за лицата со церебрална парализа

Во Спарта Ивент Центар во Велес вчерева ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.

Публиката ќе има можност да ужива во настапот на „Starboy & Friends“, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка да се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и подобра иднина.

Поврзани вести