Skip to main content

Четири награди за македонските филмови на 32. Сараево филм фестивал

Голем успех за македонската кинематографија на 32. издание на Сараево филм фестивал – четири награди за два македонски филма, соопшти Агенцијата за филм.

Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои дури три награди:

Специјална награда за промовирање на родова еднаквост

Срце на Сараево за најдобра актерка – Ева Костиќ

Cineuropa Prize

Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума ја освои:

Special Youth Perspectives Award

Четири признанија кои уште еднаш го потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка на Агенцијата за филм за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм.

Честитки до авторите, актерите и целите филмски екипи!

Поврзани вести