Skip to main content

Изложбата „Имерзивна трансформација на глаголицата“ на Лазе Трипков поставена во МСУ

„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата од дизајнерот и уметник Лазе Трипков што од синоќа е поставена во Музејот на современата уметност во Скопје. Глаголицата се трансформира низ слика, простор, светлина, движење и звук, создавајќи современо имерзивно искуство. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова од Чешка, а ко-куратор Владимир Јанчевски од МСУ.

Проектот, започнат во 2020 година, се навраќа на глаголицата како на отворена структура што може повторно да се чита, да се реобликува и да воспоставува нови односи со современоста — структура што смислата ја создава заедно со оној што ко-креира во неа. Изложбата во Скопје за првпат се поставува во целосен обем, од печатен плакат до интерактивна и имерзивна дигитална средина.

Поврзани вести