Skip to main content

Во Кина пустините ги пошумуваат роботи

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската преобразба, роботите сега се впуштаат во нова мисија – да го претворат песокот во шума. Кина има нова, „футуристичка“ битка против пустините на северот од земјата, помошната од флота самоуправувачки роботи со погон на сончева енергија. Ширењето на песокливите површини сè повеќе им се закануваат на обработливото земјиште и на околните заедници, па се бараат решенија против тие екстремни услови, објави Шјинхуа.

Овие роботи користат самообновлива сончева енергија, што значи дека нема потреба од батерии, постојано полнење гориво или човечки надзор во оддалечените области. Благодарение на ГПС-системите, сензорите за анализа на почвата и прецизните механизми за сеење, машините се движат низ недостапен терен и го оптимизираат процесот на садење каде што човечкиот труд би бил премногу бавен или премногу скап. Затоа, на работ на пустината Му Ус во кинеската област Внатрешна Монголија, самоуправувачките машини од второто поколение садат садници без човечки оператори. Целта на овој проект не е само пошумување. Планираните 100 милијарди дрвја во пустината ќе ги ублажат песочните бури и ќе ги заштитат стратешките коридори на таканаречениот „Голем зелен кинески ѕид“, којшто сè уште се шири, пренесува српска „Политика“.

Поврзани вести