Skip to main content

Владо Георгиев вечерва ќе одржи концерт во Хераклеја

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев на 21 август ќе одржи концерт во Хераклеја во Битола.

Георгиев во Битола доаѓа по двата концерта на „Канли Кула“ во Херцег Нови. Посебно внимание предизвика појавувањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше меѓу публиката, а во еден момент спонтано му се придружи на црногорскиот хип-хоп музичар Игор Лазиќ-Нигор, кој беше гостин на концертот на Георгиев.

Организаторите најавуваат тричасовен концерт во Хераклеја, на кој Георгиев ќе изведе дел од своите најпознати песни, а за публиката се најавени и изненадувања во репертоарот.

Поврзани вести