
Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември.
На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија. Од Кабинетот на Гаши велат дека тој постојано е на работа иако официјално пратениците се на одмор.
На 121. седница закажана за 2 септември на дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлогнационална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високите раководители.

Македонски


