
Втор украински државјанин е уапсен во врска со случајот со саботажата на гасоводот „Северниот тек“, соопшти германското обвинителство.
„Дер Шпигел“ ги објавува деталите за апсењето на Украинецот, кој бил фатен во Хрватска додека бил на одмор со своето семејство.
Според безбедносни извори, осомничениот е украинскиот нуркач Владимир Журавлев, кој бил уапсен во хрватскиот туристички град Пула.
Претходно, осомничениот двапати избегнал апсење од страна на германските истражители.
Во летото 2024 година, тој бил во Полска, но по обидот за апсење врз основа на европска потерница, избегал во Украина.
Според „Шпигел“, тој ја преминал границата во автомобилот на украинскиот воен аташе во Варшава.
Журавлев подоцна се вратил во Полска, каде што бил уапсен во септември 2025 година. Сепак, полскиот суд одбил да го екстрадира во Германија, сметајќи ги гасоводите за „легална воена цел“, по што Украинецот бил ослободен.
Според верзијата на германските истражители, во операцијата учествувале неколку нуркачи и украински војници. Тие наводно изнајмиле едрилица во Варнеминде, излегле во Балтичкото Море и поставиле експлозивни направи на гасоводите.

Македонски


