
4 август е голем ден за Македонија. Празник што се вика. Во календарчињата треба да биде пишан со црвени букви. Тој датум во иднина ќе биде познат како Св. Артан Чаирски. Заштитник на оние што веруваат дека функцијата е привремена, а слободата трајна, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Ба 24 август треба да почне судењето за некогашниот вицепремиер на ДУИ Артан Груби. Не само вицепремиер, туку сакаше да го викаат прв вицепремиер.Тоа се вика комплекс, или по скопски кажано курч. Ех, кој можеше да помисли дека по толку курчење, мавање со камења на Кале, играње фудбалче во кабинет, дека ќе дојде денот Груби да влезе во Кривичниот суд и тоа како обвинет. Обвинителот Даниел Коцев виде не виде во последен момент поднесе обвинение, не оти сакаше , ама ептен ќе беше очигледно. Додуша обвинението е намалено за народски кажано Артан и другар му Прпарим да не можат многу да го јадат. Злоупотреба на службенаta положба… може да добие максимум пет години, а може да се извлече и со условна казна. Судијката Билјана Шуплиновска – Јовевски ќе има тешка задача со вакво килаво обвинение. Зар некој верува дека Артан бар една ноќ ќе пресипе во Шутка или во Идризово? Aj што обвинението е скроено по мерка на Артан, туку Груби кон средината на октоври може да не поздрави од слобода бидејќи во притвор може да биде уште максимум два месеци по поднесувањето на обвинителниот акт. Убавина. Ама пасошот ќе му бил одземен. Бре бре.. голема работа. Па тој и првиот пат кога бегаше не му требаше пасош. На Артан сите врати му се отворени….
Менторот на Груби пак отакако слушна абер дека Хаг наскоро може да го повика, се однесува како Грк во апс. Се прпелка, заканува, отвора стари рани.
Али вели дека во рака го имал документот за поделба на Македонија кој бил одобрен од странците ама тој не го прфатил бидејќи многу ја сакал Македонија. Ако ја поделеле државичкава, Зајас ќе бил под Албанија и тој ќе намал гајле, ама во друга држава ќе паднеле Скопје, Куманово, Велес, Кичево, Прилеп. А за Али цело е кога има се. И додека Али миротворецот ги кажуваше плановите од воената 2001 година министерот за одбрана од тоа време, Владо Бучковски климаше со главата и одбруваше. Прекрасно. Ова е исто како по десет години некој руски командант да раскажува како ги освојувал Киев, Доњецк и Запорожје, а украинскиот министер за одбрана да седи до него и да клима со глава: ‘Да, да, така беше.

Македонија е под закана на еколошки тероризам. .Речиси е невозможно во десетина градови одеднаш водата да биде загадена Или можеби е можно — ако некој во опозиција конечно открил како се меша политика со ешерихија коли.“
Ете и оние кои ги приведоа да кажат од кого добие информација дека во водата во Скопје има ешерихија коли се прават наудрени. „Опозициската ешерихија коли најтешко се лекува. За неа нема антибиотик. Можеби лекот е само избори. Истите тие што по фејсбук групи шират паника, прават шеги и хехенца дека кризниот штаб пиел вода во Гостивар или дали чашата вода што му ја донеса на традоачалникот на Скопје била од чешма или кришум му ја туриле од шише. А обичниот човек не знае чие масло е ова па во паника купуваше флаширана вода од маркетите. Фалеше уште да почне да се снабдува со тоалетна хартија и се ќе беше исто како во короната. Може да замислам како дошле до идеја во опозицијата да шират паника. Се собрал кризниот штаб и се прашува
– како се Анкетите?
– Тапа.
– Рејтингот?
– Не мрда.
– Што имаме?
– Ништо.
– Добро, пуштајте муабет дека водата е загадена, ако не фатат ќе кажеме дека власта е крива

Македонски


