
Фестивалот ќе го заокружи своето 66. издание со современиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски.
Сместена во седумдесеттите години на минатиот век, приказната ги следи љубовта и амбицијата на една млада генерација која се обидува да ги следи своите соништа, спротивставувајќи се на стереотипите, очекувањата и невидливите граници на времето.
Со голем актерски ансамбл и музиката на Влатко Стефановски како централен двигател, „Као какао“ создава сценски свет исполнет со љубов, бунт, амбиција и стремеж кон слобода.

Македонски


