Skip to main content

Автобусот со број „37“ повторно ќе вози во Скопје, но по нова траса

Оваа стара табла со бројот 37 е вистински a blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град, посочува претседателот на Совет на Град Скопје, Даме Димитровски.

Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ја враќаме 37цата на улиците, но овојпат по сосема нова траса која за првпат го става во функција булеварот „Словенечка“ и ги поврзува Радишани и Бутел директно со сите средни училишта во Карпош и Скопје Сити Мол. ​Летово започнуваме со промотивен капацитет за сите ученици и родители навреме да се запознаат со возниот ред, а од 1 септември линијата 37 продолжува со полна пареа, истакна тој.

„Секоја голема победа почнува со мали чекори, а овој проект е совршен спој меѓу скопските спомени и современата мобилност што ја ветивме во програмата и моите 9 темелни политики. За Скопје што се движи, за Скопје какво што го сакаме“, истакна Димитровски.

Поврзани вести