
Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“.
А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да се вози со 120 км/ч. Сепак, на еден дел, ограничувањето на брзината е 100 км/ч. Многу возачи не реагираат навреме и минуваат покрај камерата со зголемена брзина, пренесува „ХАК Ревија“.
Камерата, исто така, била исклучена неколку месеци. Кога била повторно активирана, многу луѓе се навикнале тој дел да не се следи. Според сообраќајните власти, камерата е на опасно место, со цел да спаси животи, а не за да собира пари.
Пребрзото возење во Шпанија може да чини меѓу 100 и 600 евра, а може да доведе и до одземање на возачката дозвола.

Македонски


