
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август, зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – пишува во соопштението на јавното претпријатие.

Македонски


