Skip to main content

Инсистирам да се објави – одговори Мицкоски на барањето на СДСМ јавно да се покаже извештајот дека водата во Гостивар е безбедна

Freepik

Еве, јас инсистирам да се објави извештајот, рече премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ да се објави јавно официјален извештај и анализа дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Во врска со кривичните пријави поднесени од опозицисиската партија против министерот за здравство и директорите на институтот и центарот за јавно здравје и на Здравствениот и санитарен инспекторат, и повикувањето на премиерот на одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, Мицкоски на новинарско прашање одгвоори дека „тоа е демократско право на секоја политичка партија доколку тие ценат дека таа стратегија во нивното политичко дејствување е добра, корисна и дека на тој начин ќе имаат успех“.

​Но, јас сум зачуден зошто, да речеме, за првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Кога велам зачуден, тоа го кажувам, се разбира, иронично, бидејќи нормално е дека истата оваа политичка партија нема да го спомене него, бидејќи таа го поддржа на локалните избори во Гостивар. А сите знаат дека надлежност и право во случајот има општинското јавно комунално претпријатие. Обвинителството, заедно со Министерството за внатрешни работи, веќе обезбеди три лица и, колку што сум информиран, истрагата е сè уште во тек, не е затворена. Така што, мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други коишто, исто така, би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто обвинителството или МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел и учество во сето ова – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на населеното место Идризово во општина Гази Баба.

Зачуден е, рече, е од тоа зошто истите тие социјалдемократи во минатото не реагирале по допрен глас за неквалитет на водата во Гостивар, и во други општини, како Прилеп, Крушево, тогаш не поднеле кривични пријави против директори и министри и не презеле ништо.

Зошто против нив не поднесоа? Бидејќи тие ништо не преземале, оваа Влада презема. Првиот момент кога доби таков извештај, презема. Направи една робусна акција, го прочисти системот и повторно го врати во владение на општина Гостивар и во рацете на комуналното претпријатие коешто ја дава оваа услуга. Мислам дека им е погрешна таа стратегија, но во ред, тие си знаат најдобро, јас нема да им кажувам што е добро, што е лошо – додаде Мицкоски.

Поврзани вести