
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во атлетика Дарио Ивановски денеска ќе го има својот настап. Ивановски ќе биде заедно со 60 натпреварувачи кои ќе стартуваат во 8:10 часот по локално време односно 9:10 по македонско време
Македонскиот атлетичар воедно и олимпиец за првпат настапува на маратонска трка на Европско првенство, додека пред две години во Рим беше учесник на полумаратонската трка.
Ивановски е македонски рекордер во маратон со време 2:08.26 часа поставен во Севиља 2024 година, а оваа година на Белградскиот маратон го освои второто место со резултат 2:09.35 часа.

Македонски


