Skip to main content

Смртно настрада скопјанец откако бил прегазен од виљушкар

Скопјанец смртно настрада во двор на фирма во скопски Аеродром. Починал откако бил прегазен од виљушкар.

Како што информираа од МВР, вчера околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил.

Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести