
Во Паркот на поезијата во Струга во сабота премиерно ќе биде прикажан филмот „Образ“, кандидат на Црна Гора за Оскар и добитник на 17 меѓународни награди, соопшти Општина Струга.
Филмот е во режија на Никола Вукчевиќ, сценарио на Ана Вујадиновиќ и Мелина Пота Колевиќ. Главната улога е на Едон Ризваноли, актер со потекло од Струга.
– „Образ“ на големото платно носи приказна заснована на честа, гостопримството и хуманоста, преку приказната за Нур Дока, кој за време на Втората светска војна одбива да предаде православно дете кое било засолнето во неговиот дом. Приказна со албански корени, втемелена во вредностите на честа и бесата (заветот/дадената чест), која веќе доби значајно меѓународно признание, информира Општина Струга.

Македонски


