Skip to main content

Пронајдени тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење

Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. 

Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести