Skip to main content

Исчезната е 15-годишната Кристина од Охрид, семејството бара помош

Исчезната е малолетна девојка од Охрид, 15-годишната Кристина. Нејзиното семејство бара помош за пронаѓање на девојката.

Последен пат таа контактирала со семејството вчера во 16 часот. Излезена е по црна маица и широки фармерки.

Изчезнувањето е пријавено и во полиција.

Денеска (13.08.2026) во 05:45 часот во СВР Охрид Н.J.(57) од Охрид пријави дека на 12.08.2026 околу 16:00 часот неговата малолетна ќерка К.Ј.(15) од Охрид, која има здравствени проблеми, се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за „Република“.

Доколку имате било каква информација повикајте го бројот 075238015 или 075238017.

Поврзани вести