Skip to main content

Зеленски се пожали дека Русија ги гаѓа со севернокорејски балистички ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската армија употребила севернокорејски балистички ракети во нападот врз градот Запорожје во јужна Украина, во кој во текот на ноќта загинаа најмалку шест лица.

„Градот беше погоден од севернокорејски балистички ракети, руски ракети „Циркон“ и наведувани воздушни бомби“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс, осудувајќи го, како што рече, „бруталниот напад чија цел е да се предизвика максимално можна штета“.

Поврзани вести