Skip to main content

Марихуана скриена во пратка за осуденик: 32 пакувања запленети во „Идризово“

Во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ биле пронајдени 32 пакувања со марихуана во пратка наменета за 48-годишен осуденик од Куманово.

Случајот бил пријавен вчера во 13:40 часот во СВР Скопје. Според информациите од МВР, дрогата била откриена околу 11 часот при извршен претрес на пратката наменета за осуденикот О.М.

Полициски службеници ја подигнале пронајдената марихуана и ја презеле за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести