Skip to main content

Седуммина повредени во несреќа на патот кон ХЕЦ Козјак

илустрација/Freepik

Седум лица се повредени, од кои еден тешко во сообраќајната несреќа што се случила вчера на патот кон ХЕЦ Козјак. Како што соопшти МВР, во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести