Skip to main content

Осуммина тешко повредени во верижниот судир што го блокираше патот Прилеп-Битола

Охрид1

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила.

Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила.

Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во битолската Клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.

Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид е во прекин.

Поврзани вести