Во фоајето на Македонскиот народен театар се оддржа сеќавање и чест на актерот Кирил Псалтиров, во рамките на чествувањето на 80 години Македонски народен театар.
На сеќавањето говореа, в.д директорот Никола Кимовски, синот на Кирил Псалтиров, Илија Псалтиров кој во негова чест изведе и една нумера, како и доајенката на нашето глумиште Снежана Коневски – Риси.
Кирил беше актер кој долги години беше дел на театарот и за чија харизма и вештина останува да се зборува и денес.