Skip to main content

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека за потребите на Гостивар, денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода.

Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, соопшти Ангелов.

Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.

Ангелов повтори дека нема промени со состојбата во Гостивар, односно водата се уште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии. Според него, водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекува да биде прогласена за исправна, додека хиперхлорирањето продолжува понатаму. 

Поврзани вести