
Лицемерието изгледа вака, вели директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, споделувајќи фотографии од лидерот на СДСМ и доктор Венко Филипче.
Доаѓа еден час на клиника, со фотоапарат, се фотографира среде операција, и потоа на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И сè така. Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница и за тендерите, и за распаднатите и ограбени здравствени институции кои ги остави зад себе без „око да му трепне“. И што е најважно, не заборава!, порача Андоновска за поранешниот министер за здравство.

Македонски


