Skip to main content

Русија погодила три брода со воен товар во Црното Море

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев.

„Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.

Руското Министерство за одбрана исто така информираше дека во текот на ноќта биле соборени 131 украински дрон.

Фото: МО на Русија, скриншот

Поврзани вести