
Вчера повеќе од 1.000 мигранти влегоа во Сеута, што повторно го привлече вниманието на јавноста кон овој необичен град кој се наоѓа на северот од Африка, но припаѓа на Шпанија.
Многумина не знаат дека Сеута е шпанска автономна територија, иако е опкружена со Мароко. Градот се наоѓа на африканскиот континент, но е дел од Шпанија и во исто време претставува надворешна граница на Европската Унија.
Сеута била под португалска власт од 1415 година, а од 1668 година официјално припаѓа на Шпанија. Поради својата локација, таа е една од главните рути за мигрантите кои се обидуваат да влезат во Европската Унија со децении.

Денес, во Сеута живеат и христијани и муслимани, а голем дел од населението го сочинуваат луѓе од мароканско потекло или нивни потомци. Токму затоа градот има единствена мешавина од шпанска и северноафриканска култура.
Мароко сè уште верува дека Сеута треба да биде дел од нејзината територија, додека Шпанија истакнува дека со векови е составен дел од неа.

Македонски


