Skip to main content

Сабаленка на УС Опен ќе игра во мрежест фустан

Арина Сабаленка, тенисерката број еден во светот, откри како ќе изгледа нејзината опрема за претстојното Отворено првенство на САД. Белорусинката го изненади брендот со кој соработува, овој пат решија да одат чекор понатаму.
Сабаленка е двократна бранителка на титулата во Америка, а по изненадувачкиот пораз на Вимблдон, очигледно реши да се врати на голема врата – и во однос на тенисот и во однос на естетиката.

фото Интаграм


За својот настап на четвртиот Гренд слем, таа избра портокалов топ и шорцеви, преку кои ќе носи мрежест фустан.

Поврзани вести