Skip to main content

Три дена откако му го врати пасошот на Марковски, судијата Вулнет Винца замина во пензија

Досегашниот претседател на Основниот суд Струга и досегашен судија во судот во Охрид, Вулнет Винца / Фото: Принтскрин

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој беше претседател на кривичниот совет што одлучи да му го врати пасошот на битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, од денеска веќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија.

Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција поради ненавремено доставување на потребната изјава. Воедно, советот констатира дека Винца месецов ги исполнил условите за старосна пензија.

Во изјава за „360 степени”, судијата Винца потврди дека тричлен кривичен совет, со кој претседавал лично тој, одлучил да му го врати пасошот на бизнисменот обвинет во случајот за РЕК Битола, кој, пак, вчера замина за Србија.

Поврзани вести