Skip to main content

Германците ќе треба „да ги стегнат ремените“: Берлин брои милијарди за воени трошоци и за Украина

Германија издвојува нови милијарди за Украина, средства што ќе бидат обезбедени со позајмување и намалување на социјалните трошоци. В исто време, геранските граѓани добија предупредување дека ќе треба да направат финансиски жртви во периодот што следува, објави „Ројтерс“.

Издаието посочува дека Бундестагот усвои буџет за 2027 година во износ од 556 милијарди евра. Заедно со масовното зголемување на воените трошоци, Германија ќе продолжи да ја финансира Украина, издвојувајќи уште 12 милијарди евра за Киев.

Вкупните трошоци за одбрана и безбедност, вклучително и поддршката за Украина, ќе достигнат рекордни 150,9 милијарди евра. Во исто време, Берлин планира да позајми 210,4 милијарди евра, што е втор најголем индикатор во историјата на земјата.

„Ројтерс“ коментира дека додека владата на канцеларот Фридрих Мерц предвидува вакви трошоци, во Германија се замрзнуваат основните стапки на социјална помош до средината на 2028 година и се намалуваат пензиските субвенции за 3 милијарди евра.

Министерот за финансии Ларс Клингбеил веќе ги предупреди Германците за потребата од „правење одредени жртви“, признавајќи дека договарањето на буџетот за 2028 година ќе биде уште покомплицирано.

Со зголемувањето на задолжувањето, трошоците за сервисирање на јавниот долг ќе достигнат 41,4 милијарди евра во 2027 година и би можеле да се зголемат на 81 милијарда евра годишно до 2030 година.

Поврзани вести