Skip to main content

Норис ја освои Унгарија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната трка возена за Големата награда на Унгарија.

Норис стартуваше од пол-позицијата и на крајот заслужено стигна до победата. На стартот, шампионот на Формула 1 го загуби водството од соиграчот Оскар Пјастри, но потоа го врати водството за време на застанувањата во боксот, додека Австралијанецот се повлече.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор, додека лидерот во сезоната, Андреа Кими Антонели од Мерцедес, заврши трет. 

Пласман на првите 10 на трката во Унгарија:
1. Ландо Норис (Мекларен) – 70 круга
2. Макс Верстапен (Ред Бул) +15.080 секунди
3. Андреа Кими Антонели (Мерцедес) +18.728
4. Шарл Леклер (Ферари) +23.840
5. Луис Хамилтон (Ферари) +24.540
6. Изак Хаџарс(Ред Бул) +55,488
7. Џорџ Расел (Мерцедес) +57.503
8. Лиам Лосон (Рејсинг Булс) +1 круг
9. Нико Хулкенберг (Ауди) +1 круг
10. Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) +1 круг.

Поврзани вести