
По потписот на Леброн Џејмс за Филаделфија севентисиксерс, обложувалниците ги ажурираа своите квоти за победник во НБА-лигата сезоната 2026/27.
Во петокот беше објавено дека 41-годишниот кошаркар потпиша договор со Филаделфија.
Пред оваа вест, квотите за шампионската титула на „Сиксерси“ беа 21. По објавувањето на неговото доаѓање тие паднаа на 9,5 и Филаделфија сега е четврти фаворит за освојување на трофејот.
Само Оклахома Сити, Сан Антонио (по 3,5) и Њујорк (9) имаат поголеми шанси кај букмејкерите.
Вреди да се напомене дека пред размената на Џејлен Браун кој во Филаделфија дојде од Бостон на 2 јули, коефициентот за шампионската титула на Филаделфија беше 67.

Македонски


