
Победникот на УС опен во 2020 година и поранешен трет светски рекет, Доминик Тим, ја започна својата фудбалска кариера, објавија австриските медиуми.
Триесет и двегодишниот Австриец потпиша професионален договор со ФК Баденер, кој игра во осмата дивизија на Австрија. Тим се пензионираше од тенисот пред две години.
– Слушнавме дека е добар фудбалер. И покрај неговиот статус во Австрија, тој нема да добие никаков посебен третман во тимот, рече сопственикот на клубот Сергеј Петрович.
За време на неговата тениска кариера, Тим освои 17 АТП турнири, вклучувајќи го и Грен слемот. Тој исто така двапати стигна до финалето на Ролан Гарос и еднаш до финалето на Отвореното првенство на Австралија

Македонски


