Skip to main content

И во Тетово летаа покриви и ќерамиди

Поради силното невреме следено со силен ветер вчера на подрачјето на СВР Тетово, регистрирани се повеќе материјални штети, информираат од тетовската полиција.

На ул. „Илинденска“ во Тетово е паднат покрив од зграда, кој оштетил покривна конструкција на друга зграда и два паркирани патнички автомобили „голф“ сопственост на Ф.И. и „мерцедес“ сопственост на М.Ј. од Тетово, во с.Голема Речица од пад на ќерамиди оштетено е патничко возило „бмв“ со австриски регистарски ознаки, сопственост на Е.Г., на ул.„Вон Вардарска“ бил паднат лимен покрив од куќа сопственост на С.Џ. Во сите наведени настани не биле евидентирани повредени лица, информираат од СВР Тетово.

Поврзани вести