Skip to main content

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство од Азир Алиу

Министерство за здравство

Досегашниот министер за здравство Азир Алиу, кој со владината реконструкција беше разрешен од позицијата, денеска му ја предаде функцијата на новоизбраниот министер Сашо Клековски.

За време на примопредавањето на функцијата, Алиу и Клековски разговарале за досегашните проекти, тековните процеси и активности кои во изминатиот период биле во фокусот на Министерството за здравство.

На заминување од функцијата, Алиу рече дека очекува започнатите системски процеси во најголем дел да продолжат, да се надградуваат и да станат уште посилни во служба на пациентите и здравствените работници. На новоизбраниот министер Сашо Клековски му посака успешна работа.

Здравството е област во која никој не почнува од нула и никој не завршува сам. Секој министер има обврска да продолжи таму каде што институцијата стигнала, да го подобри она што може да биде подобро и да го штити суштинскиот интерес на пациентот и здравствениот работник. Верувам дека најдобрите системи се оние што не бараат херои, туку создаваат услови знаењето, човечноста и професионалноста да станат секојдневен стандард. Во таа насока работев. Во таа насока верувам дека здравството треба да продолжи“, порача Алиу по примопредавањето на министерската функција.

Поврзани вести