Skip to main content

Се сеќавата на Аиво Орав од времето на Шарените: Ја заврши кариерата и на Косово

 Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово.

Шибел ќе ја преземе функцијата на 1 септември, со почетен мандат од две години, и ќе го наследи Аиво Орав, кој до неодамна беше шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Клучните одговорности на специјалниот претставник на ЕУ вклучуваат следење на напредокот во политичките, економските и безбедносните приоритети, придонес кон консолидацијата на човековите права, владеењето на правото и заштитата на малцинствата, како и промовирање на целокупната политичка координација на ЕУ за да се обезбеди кохерентно и видливо присуство, се наведува во соопштението на Советот на Европската Унија.

Мандатот, исто така, вклучува обезбедување политички насоки на Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС) и поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Шибел моментално е раководител на Одделот за Русија во Европската служба за надворешни работи.

Претходно, тој работеше како специјален претставник на ЕУ за Источното партнерство, а беше и шеф на делегацијата на ЕУ во Белорусија и Молдавија.

Поврзани вести